top of page
1.jpg

МОЌЕН ПИКАП ВО ПОЛНА ГОЛЕМИНА

2.jpg

ДИЗАЈН

МОЌЕН И ИЗБАЛАНСИРАН ПИКАП ВО ПОЛНА ГОЛЕМИНА

Инспириран од дизајнерската филозофија на американските пикап возила во полна големина, TUNLAND V7 постигнува совршен баланс помеѓу сила и динамичност, задржувајќи импозантен изглед и стабилност.

Со димензиите што ги надминуваат конкурентите, две опции на меѓуоскино растојание и поширока товарна платформа, тој се издвојува како лидер во просторност и големина.

Должина: 5617/5797mm
Меѓуоскино растојание: 3355/3505mm
Ширина на каросерија:2000/2090mm

2-1.jpg
2-2.jpg

ЦЕЛОСНИ ЛЕД ПРЕДНИ И ЗАДНИ СВЕТЛА

Доживејте напредна видливост и модерен дизајн што поставува нови стандарди во автомобилската светлосна технологија.

3.jpg

ПЕРФОРМАНСИ

ВИСОКО ПЕРФОРМАНСНА ШАСИСКА АРХИТЕКТУРА

Опремена со систем на суспензија со двојни триаголни краци и повеќекратна врска / лиснати пружини, со можност за воздушна суспензија, шасијата обезбедува врвна стабилност и контрола при возење.

3-1.jpg
3-2.jpeg

СОЗДАДЕН ДА ВЛАДЕЕ СО СЕКОЈ ТЕРЕН

Со максимална носивост од 4,5 тони и влечна способност од 3,5 тони, возилото ги исполнува разновидните барања за комерцијална употреба, превоз на патници и офроуд апликации.

ИСКЛУЧИТЕЛНА СТАБИЛНОСТ И МАЗНО УПРАВУВАЊЕ

TUNLAND V7 поминува низ детални мулти-телесни динамички симулации и прецизно фино подесување.
Со три калибрирани режима на електричен серво управувач (EPS) и оптимизација на крутоста и амортизацијата, возилото постигнува стабилност и мазност на нивото на SUV-возила, исполнувајќи ги стандардите на средната и високата SUV-класа.

3-3.jpg
4.jpg

КОМФОРТ

4-1.jpg

ИНТЕЛИГЕНТНА КАБИНА

Доживејте го врвот на удобноста со интелигентната кабина на TUNLAND V7, опремена со 14,6-инчен HD „лебдечки“ екран и гласовно активиран систем за лесна и интуитивна интеракција.

Технологијата NVH (Noise, Vibration, Harshness) обезбедува тивка внатрешност со намален шум и вибрации, подобра за 2–3 dB(A) во однос на конкурентите.

Напредниот систем за термална контрола вклучува двозонска автоматска климатизација, која овозможува брзо ладење или греење во рок од неколку минути, создавајќи првокласна и здрава средина за возење.

4-1.jpg
4-2.jpg
4-2.jpg

ЛУКСНУЗНА УДОБНОСТ И ПРОСТРАН ЕНТЕРИЕР

​Полноразмерната архитектура на TUNLAND V7 нуди впечатлив простор во кабината, со што луксузот се чувствува на секое седиште.

Возилото користи премиум материјали, вклучувајќи удобен тапацир и декорации со дрвен финиш на контролната табла и вратите.
Кристалната команда на секундарната табла, украсена со мат-хром детали, го надополнува раскошниот внатрешен изглед.
Управувачот обложен со кожа налик на Nappa обезбедува рафиниран допир и удобен стисок, подигнувајќи го целокупното чувство на префинетост.

4-2.jpg

ПРОСТРАН И ЕРГОНОМСКИ – ОД ПРЕД ДО ЗАДЕН ДЕЛ

Доживејте ненадмината удобност во задната кабина на TUNLAND V7, со целосно рамен под и панорамски покрив, кои нудат изобилство простор за нозете и главата.

Просторот за колена во задниот дел е повеќе од двојно поголем од конкурентите, а аголот на потпирачот за грб (≥27°) обезбедува удобност на ниво на SUV, создавајќи врвно искуство при седење.

4-3.jpg
4-2.jpg
4-4.jpg

ПЕРСОНАЛИЗИРАНА УДОБНОСТ

Уживајте во персонализирана удобност со задните седишта на TUNLAND V7, кои располагаат со независни воздушни отвори и прилагодливи поставки за температура.

Додадените USB приклучоци овозможуваат удобност и практичност во секој агол на кабината, обезбедувајќи врвно искуство за сите патници.

5.jpg

СИЛА/МОЌ

4-2.jpg

ПРВИОТ FOTON ДИЗЕЛ 48V ХИБРИДЕН ПИКАП

Со интелигентна електрична асистенција која се прилагодува според потребниот вртежен момент при различни услови на возење – тргнување, забрзување или искачување, системот ја оптимизира потрошувачката на гориво и обезбедува поефикасно и подинамично возење.

Овој напреден систем не само што ја подобрува економичноста, туку нуди и супериорно возачко искуство.
Возилото располага со седум режими на возење – кал, песок, снег, спорт, стандард, економичен и 2H, прилагодени на различни услови на патот и индивидуални преференции на возачот.

4-2.jpg
4-2.jpg
5-2.jpg

FOTON AUCAN MOTOR

Дизел моторот AUCAN 2.0L испорачува моќност од 120 kW и вртежен момент од 450 N·m.
Со забрзување од 0 до 100 km/h за помалку од 13 секунди, тој совршено ја спојува силата и ефикасноста, нудејќи исклучително возачко искуство.

99.8% ИСКОРИСТЕНОСТ НА ПРЕНОС

Во комбинација со најсовремена 8-брзинска автоматска трансмисија (8AT), погонскиот систем обезбедува импресивна ефикасност на пренос од 99,7%.
Уживајте во мазни промени на брзини и оптимални перформанси, кои гарантираат динамично и економично возење.

5-3.jpg
6.jpg

БЕЗБЕДНОСТ

БЕЗБЕДНО И ИНТЕЛИГЕНТНО ВОЗАЧКО ИСКУСТВО

TUNLAND V7 ја поставува безбедноста како врвен приоритет, со каросерија во форма на заштитна клетка со висока цврстина, шест воздушни перничиња и иновативен преден дизајн за апсорпција на енергија при удар.

Анти-судирните греди со цврстина од 1500 MPa обезбедуваат максимална заштита при странични удари.

Возилото е опремено со најсовремени системи за активна безбедност, вклучувајќи:
ACC (адаптивна контрола на брзината), AEB (автоматско кочење при опасност), LKA (помош при задржување во лента), FCW (предупредување за фронтален судир), LDW (аларм за напуштање лента), DMS (систем за следење на возачот), BSD (детекција на слепи агли) и панорамски 360° приказ.

Со оваа технологија, TUNLAND V7 постигнува нивото L2.5 на полуавтономно возење, обезбедувајќи интелигентна и сигурна контрола во секоја ситуација.

6-1.jpg

Закажи тест возење

Оставете ги вашите податоци и ќе ве исконтактираме за безплатно тест возење

Тип на возило
bottom of page